„Експертите“ тргнуваат сигурно на ова ЕП

9188 Хрватска – Франција (ЕП, 20:30 часот)

Франција на секое големо натпреварување е еден од фаворитите за освојување на трофеите, па така и овојпат.

Иако во подготовките имаа неколку проблеми со заразени од корона-вирус, сепак тие се надминати и денеска ќе играат речиси комплетни.

Од друга страна, пак, Хрватска ќе биде без своите, па можеби и најдобри играчи, а тоа се Домагој Дувњак и Лука Циндриќ. Дувњак доби негативен тест но ќе ја пропушти оваа средба, додека Лука сè уште е позитивен на ковид-19.

Франција ќе сака да си обезбеди што поубава предност на полувремето, каде што ќе бара што поголема разлика за да има мирно продолжение и лесно да ги запише првите бодови во групата.

Предлог тип: 2H полувреме, -2.5 (1.95)

 

1102 Ливерпул – Арсенал (Лига куп, Англија, 20:45 часот)

Англиските великани го играат првиот натпревар од Лига купот на Англија во рамките на полуфиналната фаза.

Ливерпул е драстично ослабен за оваа средба бидејќи ги нема Мохамед Салах, Садио Мане и Наби Кејта, кои се на Африканскиот куп на нациите, како и Тијаго Алкантара, кој е повреден.

Кај Арсенал, пак ќе недостасува Пепе, како и Обамејанг, но тој веќе подолго време не е во првиот тим.

И Јирген Клоп и Микел Артета располагаат со навистина силни состави, кои ќе ни донесат интересен и возбудлив фудбал со многу голови.

Предлог тип: ГГ & 3+ (1.96)

 

3033 Милан – Џенова (Куп на Италија, 21:00 часот)

Милан игра одлично сезонава, барем во Серија А, додека испадна од групната фаза од Лигата на шампионите.

Јасна е целта на тимот на Стефано Пиоли, а тоа е атак на тронот кој е во сопственост на Интер, иако и во Купот на Италија се нуди одлична шанса за далечен пласман.

Џенова игра слабо сезонава, иако редовно постигнува голови, сепак одбраната е на многу лошо ниво. Тешко дека вечерва може да направат чудо, но Пандев и соиграчите ќе постигнат најмалку еден погодок, додека неколку пати ќе ја вадат топката од мрежата.

Предлог тип: ГГ & 3+ (2.45)

 

5151 Камерун – Етиопија (АФКОН, 17:00 часот)

Организаторот на овогодишниот Африкански куп на нациите тргна со победа на отворањето, а денеска ќе се обиде да го обезбеди понатамошниот пласман.

Камерун важи за еден од најголемите фаворити на турнирот, додека Етиопија ќе бара малку повеќе и евентуален пласман во наредната фаза против Буркина Фасо, каде што третопласираниот ќе има шанса да оди во елиминациите.

Предлог тип: 1 & 0-2 (2.23)

 

5724 Ал-Харафа – Ал-Духалил (Старс лига, Катар, 14:20 часот)

Катарците веќе неколку години наназад ангажираат фудбалски ѕвезди во поодминати години со цел промоција на тамошниот фудбал.

Воедно, оваа година имаат мотив повеќе да ја промовираат својата лига, и тоа со голем број погодоци и интересни моменти бидејќи кон крајот на оваа година ќе бидат организатори на СП.

Од последните пет средби, дури четири завршиле со најмалку три погодоци, што, секако, е убав показател и најава дека и денеска ќе видиме голови.

Предлог тип: 4+ (2.10)

- Оглас -

Најнови вести