Експлозија од емоции кај Рио Фердинанд по третиот гол на Тотенхем (Видео)

„Ако го сакате фудбалот, ќе ја разберете оваа емоција“, порача некогашниот фудбалер, а сегашен коментатор на една телевизија, Рио Фердинанд, по објавата на видеоклип на кој се гледаат неговата огромна радост и изразувањето емоции по победничкиот гол на Тотенхем против Ајакс. Англичаните ќе имаат два тима во финалето на ЛШ во Мадрид на 1 јуни, а голот на Мура на почетокот на 96-тата минута го фрли Фердинанд во транс.

Фердинанд не можеше да одбере дали на поспектакуларен начин во финалето се најдоа Ливерпул или Тотенхем, но двата тима приредија сензационални победи во реваншите од полуфиналето, па Рио беше бескрајно среќен.

Вака изгледаше радоста во соблекувалната на Тотенхем:

- Оглас -

Најнови вести