Експресно донесена одлука: Чаир – МЗТ ќе се доигра, без публика!

Комесарот за натпреварување во Кошаркарската федерација на Македонија, Александар Милојевиќ, за прекинатиот меч Чаир 2030 – МЗТ Скопје Аеродром, по разгледувањето на комплетната документација, донесе одлука средбата да се доигра во наредните 48 часа, без присуство на публика.

Во образложението на одлуката, никаде не стои дека имало физички напад врз помошникот-тренер на МЗТ и закани во соблекувалната, како што тврдат од МЗТ.

Чаир 2030 најдоцна до вечерва во 20 часот треба да достави термин кога ќе се игра второто полувреме од натпреварот кој беше прекинат синоќа затоа што гостите од Аеродром одбија да се појават на терен, со оправдување дека на паузата биле физички нападнати од неофицијални лица.

Клубот Чаир доби забрана за поставување ВИП столчиња зад кошевите до крајот на првенството, а за слаба организација на мечот, казнет е парично со 40.000 денари. Техничкиот раководител Алајдин Мустафа доби казна од 20.000 денари и забрана за вршење на должноста до крајот на сезоната 2023/2024.

Ни МЗТ не мина неказнет, Металците ќе платат 30.000 денари поради предизвикување прекин подолг од 15 минути.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести