Екстра размена ја здрма НБА: Крис Пол заменет за петмина

Крис Пол е ѕвезда на најновата трампа во НБА-лигата. Десеткратниот НБА Олстар-играч си заминува од Оклахома и ќе го облече дресот на Феникс санс. На местото на Пол, во Оклахома ќе заминат дури четворица кошаркари, плус ќе го добијат и пикот од првата рунда на драфтот во 2022 година.

Пол ќе се обиде со своето искуство да го одведе Феникс до плејофот во новата сезона. Искусниот 35-годишен Пол минатата сезона ја предводеше Оклахома до плејофот со просек од 17,6 поени по меч, плус 6,7 асистенции.

Пол има играно за главниот тренер на Феникс, Монти Вилијамс, и тоа во дресот на Њу Орлеанс во сезоната 2010/11. Во кариерата има играно и за Хјустон и Лос Анџелес клиперс.

 

 

- Оглас -

Најнови вести