Ел Класико е во пад, но Реал не е виновен за тоа туку Барселона

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и на германската репрезентација, Месут Озил, смета ривалството меѓу двата шпански гиганти, полека ја губи доминацијата меѓу дерби дуелите во светот на фудбалот.

„Кога настапував за Реал мадрид, Ел Класико беше најважниот натпревар на светот. За жал на сите мадридисти, игравме против најдобрата Барселона во историјата.

Сега вниманието на гледачите повеќе е насочено на мечевите како Ливерпул – Манчестер сити или други дерби дуели во Премиер лигата. Ел Класико е во пад и тоа е штета. Но, Реал не е виновен за тоа туку Барселона која е во пад“ вели Озил во интервјуто за „Марка“.

Озил смета дека Реал Мадрид е главен фаворит за титлата во Лигата на шампионите откако во четвртфиналето беше подобар од Манчестер сити и тоа по подобро изведување на пенали. Кралевите во полуфиналето ќе играат против Баерн Минхен, додека во второто полуфинале ќе се сретнат ПСЖ и Борусија Дортмунд.

„Дуелот меѓу Реал – Манчестер сити беше фантастичен. Англичаните доминираа речиси на целиот натпревар, но Реал одигра интелигентно и одлично се бранеше. Викнав Хала Мадрид по последниот пенал, верувам дека Реал ќе триумфира во Лигата на шампионите“, смета Озил.

- Оглас -

Најнови вести