Ел Класико, вечното дерби во Белград и Дербито на Италија се вистински предизвик за Спортска прогноза

Три големи дерби натпревари во Европа се на менито на 25. коло на Спортска прогноза, игра што втора сезона бесплатно за сите прогнозери што сакаат да учествуваат ја организираат Спорт Манија и Sport Life.

Секогаш е голем предизвик да се погодат сите 13 двојки, но ова коло е посебно со три големи дерби дуели, рангирани во Европа во Топ-10.

Сите се играат утре, а возбудливата завршница на 25. коло на Спортската прогноза ќе почне во 18. часот со вечното српско дерби меѓу Црвена Ѕвезда и Партизан од 18 часот. Овие дуели секогаш се супер-интересни, без разлика на формата и позицијата на табелата на двата големи белградски ривали.

Нешто подоцна од 20.45 часот ќе започне дуелот меѓу Јувентус и Интер, или популарното Дерби на Италија. Овојпат поради опасноста од коронавирусот во Торино ќе се игра без публика, а овој меч може, но и не мора да ја одлучи битката за титулата. Секако е многу интересен и привлечен за прогнозирање, бидејќи по долг период двете екипи рамноправно со Лацио бијат битка за титулата во Серија А.

Само 15 минути подоцна ќе почна настанот што веројатно е и нејголем во клупскиот фудбал во Европа. Во ново Ел Класико ќе играат големите шпански ривали Реал Мадрид и Барселона, утре од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

Предизвикот е тука, може да се прогнозираат 13+2 пара од 25. коло до 16 часот, кога ќе почнат два дуели од Премиерлигата во Англија меѓу Вест хем и Саутемптон, односно Њукасл и Барнли.

Наградите ви се познати во втората сезона се уште го чекаме велемајсторот што ќе погоди 13-ка и ќе го добие прекрасниот „IPhone XS“, а има добивки и со една, односно две утки во вид на Ваучери од 1.000, односно 500 денари.

Во ек е и битката за подобри позиции во Генерален пласман, каде се сметаат поените и од двата резервни парови што ги имаме во секое коло, а и тука наградите се прималиви. Шампионот на крајот од сезоната ќе се поднови со Смарт ТВ од 48 инчи, а и за прогнозерите со петтото место има убави награди и СЛ поени од Маркетот на Sport Life.

Не чекајте, приклучете се во нашата бесплатна игра и покажете ги своите прогнозерски квалитети во 25. коло со три големи европски дерби натпревари.

 

- Оглас -

Најнови вести