Ел Салвадор и Јамајка пазеа да не дадат гол, реми без голови им е таман (Видео)

Ел Салвадор и Јамајка многу повеќе внимаваа на својот гол, отколку на атак на противничкиот, а ремито без голови во еден од најслабите мечеви во историјата на Голд купот им одговара на двете селекции.

Фудбалерите на Ел Салвадор упатија само еден директен удар кон голот на Јамајка, противникот двапати се обиде топката да оди кон голот на ривалот, а исходот е очекуван, реми без голови.

И двете селекции со по 4 бода од два меча останаа во игра за двете места од Ц групата што водат во четвртфиналето на популарниот Голд куп, а шанса има и Курасао по победата против Хондурас со 1:0.

Играчот на Кардиф, Леандро Бакуна погоди во 40. минута за прва и историска победа на Курасао во деби учеството на Голд купот. Сега Курасао има три бода за третото место во групата.

Ел Салвадор ќе игра против Хондурас во последното коло, а Јамајка ќе го има за противник Курасао, селекција на која и треба нова победа на патот кон сигурно четвртфинале.

- Оглас -

Најнови вести