Елфсборг со победа ќе му дише во врат на Малме

3562 Ауда – Валмеира (19.00 часот)

Овој дуел од летонската лига е интересен и статистички изедначен затоа што двата тима имаат еднаков број бодови, еднаков број победи, ремија и порази, а и гол-разликата им е речиси иста. Но, разликата е што во последните неколку кола Ауда е во многу подобра форма. Валмеира има само една победа во последните четири кола, а во истиот период Ауда имаше по две победи и нерешени. Традицијата ги фаворизира гостите, Ауда не победила против Валмеира уште од 2016 година. Последен пат се сретнаа пред два месеци во мај, средбата заврши 1-1.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

2509 Стабек – Стросмгодсет (19.00 часот)

Стабек има само еден бод повеќе, тимовите се во средина на табелата. Стромсгодсет има две победи по ред, и тоа без примен гол, на нивните мечеви не паѓаат многу голови, а Стабек е во лоша форма и во последните три кола освои само еден бод. Последниот меѓусебен дуел им беше уште во 2021 година, па не е некое мерило за односот на силите. Можеби ремито е најреален исход.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.87)

 

2607 Мјалби – Калмар (19.00 часот)

Мјалби и Калмар се тимови кои во досегашните 12 кола само по трипати играле нерешено и нивните мечеви најчесто завршуваат со нивна победа или пораз. Мјалби има постигнато само 9 гола сезонава, на нивните мечеви редовно барем едниот тим не дава гол. Калмар е во налет, има три победи и едно реми во последните четири кола. Последен пат се сретнаа во март во Купот, средбата заврши 0-0, па Мјалби славеше на пенали.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.91)

 

2608 Елфсборг – Хамарби (19.00 часот)

Домашните со победа би дошле на два бода негатива зад лидерот Малме, а Хамарби сака да ја продолжи мини-серијата од два меча без пораз. Елфсборг има примено само 10 гола на 12 меча, во последните пет кола освои 13 бода и затоа е фаворит за победа. Последните три лигашки дуели помеѓу овие тимови завршуваа со 3+ голови, така беше и лани во октомври, кога Елфсборг дома го победи Хамарби со 2-1.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.12)

 

6720 Малта У19 – Италија У19 (21.00 часот)

За јуниорите од Малта и самото учество на Европското првенство е успех, а тие се таму затоа што се домаќини на настанот. Во нивната група се и Полска и Португалија, па Италијанците не би смееле да киксираат ако планираат да се борат за првото место. Овој меч се игра на националниот стадион во Малта, домашните ќе бидат многу мотивирани и ќе дадат отпор колку што можат, но квалитетот е на страна на Италија.

Предлог тип: 2-4 гола (1.64)

- Оглас -

Најнови вести