Елиф Елмас почувствува како е да се биде „десетка“ на Наполи

Фудбалерите на Наполи синоќа пред дуелот со Риека од Лигата на Европа на теренот истрчаа со дресови со бројот 10 и со презимето Марадона во чест на најголемиот играч во клупската историја, кој почина завчера.

Кога играат 11 „Марадони“, не е можно да не победите, Наполи славеше со 2-0, но тагата секако беше присутна кај играчите. Марадона толку многу направи за Наполи, што наскоро стадионот „Сан Паоло“ ќе се прекрсти во Диего Армандо Марадона, овој предлог беше прифатен и од градските власти и од претседателот на клубот, Аурелио де Лаурентис.

И македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој беше меѓу стартерите, доби чест да носи славен дрес со името на Марадона и „десетката“ на грбот. Инаку, Елмас во Наполи го носи дресот со бројот 7.

- Оглас -

Најнови вести