Елиф Елмас: „Против која екипа Реал не е фаворит? Но фаворитите не победуваат секогаш“

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас е еден од ретките играчи на Лајпциг кој оваа сезона има искуство од играње против Реал Мадрид, со оглед на тоа дека со Наполи играше против Кралевите во групната фаза од Лигата на шампионите.

Иако Наполи ги загуби двата меча, дома со 2-3, а на гости со 4-2, сепак Елмас вели дека сега во Лајпциг нема да биде така.

„Против која екипа Реал не е фаворит? Секогаш е така, но во денешниот фудбал фаворитите не победуваат секогаш. Веруваме во позитивен резултат. Ние сме екипа која секогаш оди на победа. Едноставно, мора да ги следиме советите на тренерот“, вели Елмас за дуелот против Реал Мадрид.

Нашиот „дијамант“ за шпанскиот весник „Марка“ прави паралела помеѓу натпреврите кои ги одигра за Наполи и овој денешниот против Реал.

„Различни натпревари. Наполи е екипа која сака да ја има топката. Притисокот што го има Реал вечерва е различен од нашиот. Нема да му дадеме мир на Реал Мадрид. Ме импресионира самодовербата на нашиот тренер, кој вели дека една минута може да го промени целиот натпревар“, додава Елмас.

- Оглас -

Најнови вести