Елиминиран најдобриот тим во регуларниот дел од НБА, Лејкерс води со 2:1 против Хјустон (Видео)

Мајами хит славеше со 103:94 против Милвоки бакс и стигна до посакуваната четврта победа, доволна за пласман во финалето на Источната конференција од плејофот во НБА-лигата. Жешките се вистински хит во разигрувањето за титулата затоа што во плејофот имаат осум победи и само еден пораз, и тоа дури по продолжение.

Милвоки, кој беше тимот со најдобар скор во регуларниот дел од сезоната и секако еден од фаворитите за влез во големото финале, но во плејофот беше сопрен од Мајами. За Мајами ова е прв пасман во конференциско финале по пауза од шест години.

На последниот петти меч, Милвоки беше без својот најдобар играч Јанис Адетокумбо, кој се повреди во претходната средба, па работата за Мајами беше олеснета. Милвоки одлично го отвори мечот и во првата четвртина водеше со 28:16. Сепак, Мајами брзо се врати во игра и во средината на втората четвртина поведе со 37:35. Од тој момент, па до крајот, Милвоки во ниту еден момент не успеа да го преземе водството.

Драгиќ и Батлер со по 17 поени беа предводници во победата на Мајами, а кај Милвоки најефикасен беше Мидлтон.

https://youtu.be/plEbPzhEUDc

Лос Анџелес лејкерс го победи Хјустон со 112:102 и поведе со 2:1 во серија. Ова беше и битка на ѕвездите на двата тима, а на крајот ја добија Леброн Џејмс и Ентони Дејвис. Џејмс заврши со 36 поени, а Дејвис имаше 26 поени. На спротивната страна Џејмс Харден постигна 33 поени, а Расел Вестбрук застана на 30 поени, но тоа не беше доволно Ракетите да победат.

 

- Оглас -

Најнови вести