Елина Свитолина е новата тениска кралица во најава

Украинката Елина Свитолина е победник на завршниот ВТА турнир кој се играше во Сингапур. Таа во финалето беше подобра од Американката Слоун Стивенс со 3-6, 6-2, 6-2.

Овие две тенисерки немаа пораз во претходните мечеви, Серина Вилијамс од 2013 беше последната без пораз на завршниот турнир, но во финалето мораше да има само еден победник. Првиот сет го доби Стивенс, но потоа работите се сменија и Свитолина на убедлив начин дојде до својата прва ваква титула.

Свитолина е единствената тенисерка на светот со девет освоени ВТА турнири во последните две години, а успехот е поголем затоа што деветте трофеи се освоени во девет финалиња. Свитолина нема пораз во финалните мечеви цели две години.

Оваа 2018 година, Свитолина ќе ја заврши на 4. место на ВТА листата, нејзин најдобар пласман во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести