Елитна проститутка открива: Роналдо ми плати 10.000 евра за секс, а сѐ заврши многу брзо

Андреса Урах е една од најатрактивните ТВ лица во Бразил. Поранешната манекенка и ТВ водителка издаде автобиографска книга во која јавно открива дека била елитна проститутка и дека спиела со голем број луѓе, а еден од клиентите и бил и Кристијано Роналдо.

Во книгата која е со наслов „Умрев за да живеам“, Андреса детално го опишува сексуалното искуство со Роналдо, а на крајот заклучува дека не била посебно задоволна од Португалецот, кој платил 10.000 евра за тоа сексуално задоволство.

„До својата 27-ма година спиев со стотина мажи. Може дури и со илјада. Моето тело беше евтина роба. Роналдо дојде по препорака на други двајца фудбалери со кои претходно имав секс. Ми се јави и ме праша дали навистина го имам најдобриот задник во Бразил“, открива Урах, а потоа додава „Срцето забрзано ми чукаше додека одев кај него. Ме пречека со насмевка на лицето и кратко разговаравме. Потоа само ме зграби и имавме гру и див секс. Не ни замислував дека е таков. Многу беше агресивен во кревет и сѐ заврши многу брзо“, открива бразилската манекенка.

 

- Оглас -

Најнови вести