Елмас: Ако го освоиме Скудетото, не само јас, сите од тимот ќе ги обоиме косите во сина боја!

Македонскиот фудбалер Елиф Елмас даде интервју за радиото „Кис Кис Наполи“ и најави дека целиот тим ќе ги обои косите во сина боја откако ќе ја обезбедат титулата во Серија А.

„Доживуваме прекрасни моменти, се надевам дека ќе ја подобрам мојата ефикасност и дека ќе имам најефикасна сезона, има доволно време за тоа. Имаме 18 бода предност, но останаа уште многу натпревари. Сонуваме за нешто убаво, но треба да почекаме. Дали ќе ја обојам косата во сино ако станеме шампиони? Не само јас, цел тим ќе го направи тоа“, вели Елмас.

Нашиот фудбалски Дијамант додава и дека ужива во работата со Лучано Спалети, чија кариера ја следел уште како дете, кога Спалети бил на клупата на Рома.

Што се однесува до својот најубав гол, Елмас го бира тој против Удинезе.

„Сите голови ми се омилени, кога давате голови, сите ви се убави. Но, како најубав гол би го издвоил оној против Удинезе“, изјави Елмас.

 

 

- Оглас -

Најнови вести