Елмас дебитираше за Наполи во дрес кој често го носат резервните голмани (Видео)

На пријателскиот меч помеѓу Наполи и Кремонезе, кој заврши со неочекувани 3-3, во 69-тата минута во игра влезе Елиф Елмас, кој само пред неколку часа стана член на италијанскиот вицепрвак.

Македонскиот интернационалец во Наполи ќе го има дресот со бројот 12. Тој беше поздравен од публиката пред мечот, исто и кога се појави во дресот, а кога влезе на теренот, резултатот беше 2-2.

Погледнете ја атмосферата кога Елмас првпат се појави пред фановите на Наполи. Како ли ќе биде кога ќе дебитира на „Сан Паоло“?

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести