Елмас е иднина на Наполи, наскоро ќе го продолжи договорот до 2025 година

Елиф Елмас е во квинтетот играчи што наскоро треба да го продолжи договорот со Наполи, а актуелниот вицешампион на Италија најави дека соработката ќе продолжи до 2025 година.

„Активно работиме на продолжување на договорите со Елмас, Ди Лоренцо, Зјелински, Руи и Максимовиќ“, потврди спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли.

Во јули лани Елиф се пресели во Неапол од редовите на Фенербахче за 16 милиони евра, што со бонуси може да стигне и до 19 милиони евра како рекорден трансфер за македонски фудбалер.

Тогаш популарниот Дијамант потпиша петгодишен договор со Наполи, а сега планот е тој да биде продолжен за уште една сезона, што би му дало и простор на клубот да ја зголеми отштетата со нова клаузула во новиот договор со Елмас.

 

 

- Оглас -

Најнови вести