Елмас игра малку, Наполи го декласира Сасуоло со 6:1 (Видео)

Елиф Елмас повторно беше резерва за Наполи и играше од 77. минута на меч на кој наполитанците блескаа и го декласираа Сасуоло со 6:1.

Елмас се почесто е резерва кај Наполи и добива мала минутажа, а и денеска влезе во игра кога се беше веќе решено и неговиот тим водеше со 5:0.

Домаќините се разбудија по мерката на раководството на клубот да бидат изолирани во последните пет дена и за само 14 минути во првото полувреме го декласираа Сасуоло.

Почна Кулибали со гол во седмата минута, а до 21. минута во листата со стрелци се запишаа и Осимен, Лозано и Мертенс, а Инсиње имаше две асистенции.

Мертенс постигна уште еден гол во 54. минута, а по него стрелец беше и Рахмани за една од најубедливите победи на Наполи и еден од најтешките порази за Сасуоло.

Почесниот гол за гостите го постигна Лопес во 87. минута, а Сасуоло остана на 10. место со 46 бода. Наполи е трет со 70 бодови.

Во вториот меч што се играше во исто време од 15 часот Верона го победи Калјари на гости со 2:1 и го остави на 17. место, последно што носи опстанок во Серија А.

 

 

- Оглас -

Најнови вести