Елмас како Меси, Казахстанците немоќни против дијамантот

Елиф Елмас е во топ форма, а дека е желен за фудбал потврди со слаломот во 33. минута против Казахстан. Во еден здив од нашата половина ги мина противничките играчи, па кога веќе беше опасно за голот на гостите беше фаулиран.

Веднаш потоа во следната акција повторно Елиф беше во главна улога и изнуди пенал што го реализира Езџан Алиоски.

Со голотна популарниот Џани од белата точка во 35. минута Македонија води со 1:0 во последниот пријателски меч пред настапот на Европското првенство.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести