Елмас на клупата против Јувентус – Фабијан Руиз ќе биде стартер во финалето на Купот?

Елиф Елмас ќе биде на клупата за резерви утре во финалето на Италијанскиот куп меѓу Наполи и Јувентус, според информацијата што ја објави „Газета дело спорт“.

Македонскиот репрезентативец ќе му го препушти местото во средниот ред на Шпанецот Фабијан Руиз, а тоа ќе биде една од четирите измени во однос на стартниот состав на Наполи од полуфиналниот реванш против Интер.

Елмас на тој меч играше отпочеток, а ремито 1:1 на Наполитанците им донесе многу радост и пласман во финалето, што ќе се игра утре на „Олимпико“ во Рим од 21 часот.

Сепак, Гатузо веројатно ќе ја менува и стартната постава и формацијата за финалето против Старата дама. Руиз е еден од најдобрите играчи на Наполи и Шпанецот стандардно почнуваше на последните три меча против Јувентус, во период откако Елмас пристигна во клубот.

За Наполи нема да брани Давид Оспина, кој беше еден од главните актери на мечот со Интер и одбрани чист гол во финишот, што ќе значеше и елиминација. Колумбиецот има жолти картони, па на голот на финалистот ќе се врати Мерит.

Во стартната постава „Газета дело спорт“ го најавува и Фабио Руи, а во нападот на местото на Политано веројатно ќе игра Калјехон.

Наполи има пет пехари во Копа Италија, а Јувентус е рекордер со 13 трофеи.

 

- Оглас -

Најнови вести