Елмас суспендиран, нема да игра на следниот меч на Наполи

Елиф Елмас, кој на мечот против Интер доби жолт картон за фаул над Марцело Брозовиќ, доби суспензија од еден натпревар, па нема да биде во составот на Наполи на гостувањето кај Болоња в недела.

За Елмас тоа беше петти жолт картон сезонава во Серија А и тоа значеше автоматска суспензија од еден меч, па Дијамантот веќе нема да игра на гостински терен сезонава.

Во последното коло, Наполи на 4 јуни ќе игра дома со Сампдорија.

- Оглас -

Најнови вести