Елмас влезе во игра и му даде крилја на Лајпциг да го победи Бохум (Видео)

Екипата на Лајпциг после поразот од Баерн Минхен, им се врати на победите и забележа убедлива победа од 1-4 на гостувањето кај Бохум. Она што е најважно за нас е настапот на Елиф Елмас, кој влезе во игра во 65-тата минута, при резултат 1-1, а во продолжение од мечот се случи комплетниот пресврт на Лајпциг.

Домашните во седмата минута дојдоа во водство од 1-0 преку Витек, но Олмо израмни во 30-тата. Само три минути откако нашиот репрезентативец, Елиф Елмас, влезе во игра, односно во 68-мата минута, Лајпциг дојде во водство од 1-2 преку Опенда. Во 71-вата минута веќе беше 1-3 со автоголот на Ордец, а на 1-4 зголеми данецот Полсен.

Македонскиот репрезентативец на овој натпревар ја доби најголемата минутажа откако пристигна во Лајпциг, односно нешто повеќе од 25 минути, што може да е добар знак дека во иднина ќе добива уште поголема шанса да игра од тренерот Росе.

Победи забележаа и останатите екипи од горниот дел на табелата. Борусија Дортмунд со 0-2 славеше на гостувањето кај Унион Берлин, додека Ајнтрахт Франкфурт со минимални 2-1 беше подобар на гостувањето кај Хајденхајм.

Најубедливата победа попладнево ја забележа Аугсбург кој со 0-6 го „растури“ фенерџијата Дармштад.

Резултати:

Бохум – Лајпциг 1-4
Дармштад – Аугсбург 0-6
Хајденхајм – Ајнтрахт Ф. 1-2
Мајнц – Б. Менхенгладбах 1-1
Унион Берлин – Б. Дортмунд 0-2

- Оглас -

Најнови вести