Ембид ќе одмора, одлична шанса да се заработи со типување на пораз на Филаделфија

Олстар-центарот на Филаделфија 76-ерс, Џоел Ембид, ќе одмора вечерва на дуелот со Мемфис гризлис и тоа е одлична шанса за Гризлите да победат на незгодното гоствање.

Ембид играше на претходните 21 меч со просек од 33,1 поени и 10,7 скока, па реши да земе мал одмор. Интересно е што последниот меч кој го пропушти камерунскиот центар, исто така беше против Мемфис, но тогаш поради повреда.

Ако на ова се придодадат и суспензијата на Бен Симонс и повредата на Фуркан Коркмаз, шансите на Филаделфија да победи против третопласираниот тим на Западот не се баш добри.

Во декември Гризлис ги разби Сиксерс со 126-91, а прв стрелец беше Дилон Брукс, кој, за среќа на Филаделфија, вечерва нема да биде во составот на гостите.

- Оглас -

Најнови вести