Ембид стана Французин, Триколорите ќе го имаат најсилниот центарски тандем на светот

Камерунската кошаркарска ѕвезда, Џоел Ембид, доби француско државјанство, и во иднина ќе игра за националниот тим на Франција.

Со ангажирањето на еден од најдобрите играчи во НБА лигата, француската селекција добива моќен центарски тандем Гобер-Ембид, каков што нема ниту еден друг национален тим на светот.

Ембид нема да настапи на Европското првенство кое се игра во септември годинава, а дебито за Франција треба да го има на Светското првенство 2023, и истотака треба да биде силен адут на Триколорите на Олимписките игри во Париз во 2024.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести