Емери ги искритикува Германците: Што не кажете дека на првиот меч требаше да постигнеме три гола!

Унаи Емери и Вилјареал го слават еден од најголемите клупски успеси во историјата на овој тим. Откако минатата сезона го освоија трофејот во Лигата на Европа, сега овој тим успеа да го елиминира Баерн Минхен со вкупни 2:1.

„Сите ми велите дека сме имале мал посед на топката и дека ова било меч на Астерикс против Обеликс, а никој од вас не кажа дека на првата средба имавме пет одлични шанси и дека требаше да победиме со најмалку три погодоци.

Кога играш против тим како Баерн Минхен, мораш да одиграш перфектна одбрана во текот на целиот меч бидејќи тоа може да биде казнето. Им дадовме три гола на Јувентус, го елиминиравме Баерн и покажавме дека заслужено сме во полуфиналето.

Го очекуваме Ливерпул, но верувајте дека и Бенфика е способна за чудо на ‘Енфилд’ бидејќи и таа има тим којшто е навистина одличен ѝ е способен за пресврт“, рече Емери по крајот на средбата.

- Оглас -

Најнови вести