Емери ќе го добие кормилото на Жолтата подморница

Играчите на Вилјареал со победа против Еибар го почестија Хави Калјеха, а по мечот очигледно беше дека се збогуваа со досегашниот тренер, кој си заминува.

Кормилото на популарната Жолта подморница ќе го наследи Унаи Емери, кој веќе е договорен со раководството на петтопласираниот клуб во Ла Лига.

Вилјареал ќе игра во Лигата на Европа следната сезона, што е одлична стартна позиција за некогашниот тренер на Валенсија, Спартак Москва, Севилја, ПСЖ и Арсенал.

За Емери ова е камбек во шпанскиот фудбал по четири години пауза и ќе му биде четвртиот проект во клуб од својата земја откако беше и тренер на Алмерија, а потоа и на Валенсија и на Севилја.

Најголем успех имаше со најтрофејниот клуб во Лигата на Европа, со Севилја, клуб со кого трипати по ред го освојуваше пехарот во второто по квалитет клупско натпреварување на Стариот Континент.

Унаи има и една шампионска круна со ПСЖ во француското првенство и шест пехари во куп-натпреварувањата во оваа земја.

 

- Оглас -

Најнови вести