Емери: Можев да бидам најдобар тренер на светот

Екстренерот на Севилја и Арсенал, Унаи Емери, тврди дека пропуштил прилика да стане најдобар светски тренер во периодот која ја предводеше клупата на ПСЖ. Шпанецот го напушти кормилото на францускиот првак во 2018 година, по две неуспешни кампањи во Лигата на шампионите.

Во неговата прва сезона со ПСЖ претрпе сензационална елиминација од Барселона со вкупен резултат од 6-5, иако по првата средба Светците имаа убедливи 4-0 предност. На „Камп ноу“ загубија со 6-1, а Емери вели дека да постоеше ВАР во тој период, судиите ќе направеа помалку грешки.

„Во Париз пропуштив прилика да станам најдобар тренер во светот. Иако освоив доста трофеи, Лигата на шампионите беше главна цел до која не стигнавме. Првата сезона против Барселона одигравме доста квалитетно, меѓутоа бевме елиминирани бидејќи тогаш не постоеше ВАР-технологијата, а јасно е дека отпаднавме поради судиски грешки. Следната сезона загубивме од Реал Мадрид, кој подоцна испиша историја со хет-трик пехарите. И во двата случаеви бевме жртва на лоши судиски одлуки“, истакна Емери.

По ПСЖ следуваше ангажман во Арсенал, но Емери таму се задржа една и пол сезона и како успех може да се забележи ланскиот пласман во финалето од Лигата на Европа, каде што Топчиите загубија со 4-1 од градскиот ривал Челзи.

- Оглас -

Најнови вести