Емери нема да смета на еден клучен играч во дуелите со Рен

Арсенал во осминафиналето од Лигата на Европа ќе се соочи со француски Рен, кој за да закаже дуел против „топчиите“ претходно го елиминираше Бетис. Менаџерот Унаи Емери денес доби непосакувани вести, на две недели пред почетокот на првата пресметка.

Имено, УЕФА му ја зголеми суспензијата на Александер Лаказет на три натпревари, кој на првиот меч против БАТЕ Борисов заработи директен црвен картон. Францускиот голгетер не играше во реваншот, а сега ќе мора да ги пропушти и двата осминафинални меча.

Иако Арсенал во овој двомеч се смета за фаворит на хартија, јасно е дека Емери сака да му бидат сите играчи на располагање, но со оваа суспензија тоа нема да биде возможно.

Првата пресметка на „Емирати“ ќе се игра на седми март, додека реваншот е закажан за 14-ти март, односно една недела подоцна.

- Оглас -

Најнови вести