Емери објасни зошто го отпиша Салах

Унаи Емери во периодот кога го водеше Пари Сен Жермен, имал прилика да го ангажира Мохамед Салах, но сепак реши да не го доведе во својот тим. Судбината ги спои, па денеска Емери ќе се сретне со Египќанецот, кога Арсенал ќе гостува кај Ливерпул.

Салах беше најефикасен играч во Премиерлигата во минатата сезона, и парите кои Ливерпул ѝ ги плати на Рома (46 милиони евра), сега делуваат малку, и трансферот се исплатеше. Но, пред да замине на „Енфилд“, Салах можел да се пресели со Париз. Тоа не се случи, затоа што кај Емери имало одредени сомнежи.

„Со ПСЖ разговаравме да го донесеме Салах од Рома, но имавме одредени сомнежи околу него, па тој потоа во јуни 2017 прејде во Ливерпул. Тие сомнежи беа пречка. Сега ако зборуваме за пет најдобри играчи на светот, еден од нив е Салах. Ако го земевме, ќе земевме топ играч. Какви беа сомнежите? Сега тој може да игра квалитетно и во голем клуб“ – изјави Емери.

За денешниот меч со Ливерпул, Емери нема да смета на Германецот Месут Озил. На „Боксинг деј“, против Брајтон, Озил играше 45 минути, а за вечерва го нема ниту на пријавната листа.

- Оглас -

Најнови вести