Емери пред нов предизвик во Премиер лигата

Унаи Емери нема да чека долго за нов ангажман. Отказот од Арсенал го ослободи да бара нов предизвик, а еден е веќе пред него. Наводно, Шпанецот може повторно да раководи со премиерлигаш, Евертон е клубот кој има намера да му укаже доверба на екстренерот на Топчиите и Севилја.

Англиските медиуми тврдат дека двете страни веќе имале преговори и дека сега останува на самиот Емери да одлучи дали ќе ја прифати работата. Наводно на Емери ќе му бидат обезбедени и средства за засилување на екипата во јануарскиот преоден рок доколку се согласи на соработка.

Евертон е во потрага по нов тренер откако го отпуштија Марко Силва, додека Данкан Фергусон привремено ја извршува должноста на предводник на првиот тим.

 

- Оглас -

Најнови вести