Емери си ги цени титулите, го одби Евертон и не му се оди и во Кина

Унаи Емери не е веќе кандидат за нов тренер на Евертон, откако „Марка“ објави дека трофејниот шпански тренер ја одби понудата на популарните „карамели“.

Емери не сака да се сели и во Кина, од каде имаше две понуди од тамошните клубови и тоа одлични. Доскорешниот тренер на Арсенал одлучи да почека подобри денови, а има одлично педигре. Во последните пет години Унаи има дури 10 титули со екипите што ги предводеше во овој период и шест финалиња во еврокуповите.

Епизодата во Арсенал беше неуспешна за тренерот од Баксија, но титулите што ги има во колекцијата вредат многу и говорат за квалитетот на Емери како одличен стратег.

- Оглас -

Најнови вести