Емери за една година од Астон вила направи тим кој е страв и трепет во Премиер лигата

Пред точно една година Унаи Емери седна на клупата на Астон вила наследувајќи го Стивен Џерард, и направи чудо со тимот од Бирмингам.

Кога седна на клупата на Астон вила, екипата беше блиску до зоната на испаѓање, а на крајот од сезоната успеа да обезбеди пласман во европските купови и сега е главен фаворит за триумф во Лигата на конференции.

Од 5-ти ноември па до денеска, Астон вила има освоено дури 68 бода, и повеќе од нив имаат освоено само три тима, Манчестер сити (81 бод), Арсенал (78) и Ливерпул (71), додека зад себе остави тимови како Манчестер јунајтед, Њукасл, Тотенхем, Челси…
Во 2023 година пак, само Манчестер сити има освоено повеќе бодови од Астон вила.

Астон вила моментно се наоѓа во серија од 11 победи по ред во Премиер лигата на домашен терен. На „Вила парк“ досега беа победени Вест хем (4:1), Брајтон (6:1), Кристал палас (3:1), Евертон (4:0), Брајтон (2:1), Тотенхем (2:1), Фулам (1:0), Њукасл (3:0), Нотингам форест (2:0), Борнмут (3:0) и Кристал палас (1:0).

- Оглас -

Најнови вести