Емил Павлов освои сребро на Светското првенство во карате

Македонскиот каратист Емил Павлов се закити со сребрениот медал на Светското првенство кое се одржа во Дубаи. Павлов во финалето се бореше против олимпискиот првак Стивен Дакоста од Франција и загуби со 8:0.

Иако не успеа да стигне до златото, Павлов направи историски успех, затоа што ова е само втор медал за Македонија од Светските карате првенства. Прв со медал се закити Жарко Арсовски на планетарниот собир во 2010 година.

Павлов е двократен европски првак од Тампере 2014 и Нови Сад 2018 година, а  двапати го освојуваше и бронзениот медал во Монпелје 2016 и Гвадалахара 2019.

- Оглас -

Најнови вести