Емотивни сцени: Голманката на Иран доби награда за МВП и се расплака од радост (ВИДЕО)

Светското ракометно првенство за жени се игра веќе неколку дена, додека ИХФ се наоѓа под големи критики за имплементацијата на 32 репрезентации.

Според многумина, разликата во квалитет е преголема и тоа доведува до намалување на заинтересираноста кај гледачите.

Сепак, вчера се случи токму спротивен момент, кој е поголем од спортот.

Играа Иран и Норвешка и триумфот на Скандинавките падна во втор план по тоа што се случи по крајот на средбата.

Голманката на Иран, Фатима Бехар Халили, беше прогласена за најдобар играч на средбата, а по добивањето на наградата таа се расплака од радост, а нејзините соиграчи се израдуваа како да освоиле златен медал.

Треба да им се честита и на норвешките ракометарки, коишто уживаа во овие моменти, па ѝ се приклучија на радоста и заеднички го прославија сето тоа.

Бехар имаше седум одбрани за 33 минути, додека Норвешка победи со 9:41, сепак, сето ова паѓа во втор план.

- Оглас -

Најнови вести