Ванда Нара му прости на Мауро Икарди и официјално тие двајца повторно се заедно. Атрактивната Аргентинка преку емотивно писмо објасни што се случувало во последните десетина дена. Ванда откри дека веќе биле потпишани документите за развод кога се случил пресвртот во нивната врска.
„Фотографиите кои ги поставував последните неколку месеци покажуваа колку бевме добри и колку бевме среќни. Многу ме повреди тоа што се случи. Секој ден од Мауро барав развод. Кога сфати дека нема назад, ми рече дека не можеме вака да продолжиме и дека ако разводот е единственото нешто што ни преостанува, треба да го направиме тоа. Отидовме кај адвокат. За два дена Мауро ги прифати сите услови и потпишавме договор за развод. Утредента ми напиша писмо какво што никој никогаш не ми напишал. „Сè ти дадов и имаш сè. Се надевам дека можеш да бидеш среќна затоа што тоа и мене би ме направило среќен“, пишувало во дел од писмото. Тогаш сфатив дека дури и да имам сè што сакам, нема да ми значи ништо ако не сум со него“, напиша Ванда во дел од пораката на „Инстаграм“, а потоа додаде: „Важно е дека двајцата имавме слобода и можевме да ставиме крај на нашата осумгодишна врска, но со душа уморна од плачење, повторно слободно се одбравме еден со друг. Те сакам Мауро Икарди“, заврши Ванда во пораката.
View this post on Instagram