„Енфилд“ e eпицентарот на фудбалскиот земјотрес

Дуелот на Ливерпул и Пари Сен Жермен (почеток 21 часот) е првото супердерби во новата сезона во фудбалската Лига на шампиони и заслужува посебно внимание.

Домаќините се финалисти од минатата сезона, а парижаните во минатата сезона испаднаа во осминафиналето, но јасно е дека имаат квалитет за големи дострели. Сепак, за да стигнат до финалето или титулата, им треба многу среќа со повредите и ждрепката.

Во понудата на „Спортлајф“, квотата за единица е 2.25, за икс е 3.65, додека за двојка е 3.05.

СУПЕР ГОЛМАНИ, НАПАДИТЕ ПОСИЛНИ СТРАНИ

Двата тима летово се засилија на голманската позиција. Нов главен чувар на мрежата на „црвените“ од градот на Битлси е Алисон Бекер, кој дојде од Рома и треба да донесе сигурност на голот, иако и бразилскиот репрезентативец покажа дека не е имун на киксеви. Кај ПСЖ, прв голман е ветеранот Џанлуиџи Буфон, кој посакува кариерата да ја заврши со титула во ЛШ, трофејот кој недостасува со неговата богата колекција.

Се чини дека предност на Ливерпул се домашниот терен и поцврстата одбрана, а парижаните имаат поубиствен напад. Нејмар, Мбапе, Кавани, Ди Марија се адутите на гостите во нападот, сигурно ќе има работа за одбраната на Ливерпул, но кој од ПСЖ може да ги чува Салах, Мане и Фирмино?

Овој меч е сериозен тест за двата клуба кои трошат доста пари за да направат успех во Европа, а во минатата сезона беа запрени од Реал Мадрид.

ЛИСТАТА НА ПОВРЕДЕНИ НЕ Е ЗА ПОТЦЕНУВАЊЕ

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, уште не знае дали ќе може да смета на Фирмино, кој го повреди окото викендов, а сигурно нема да игра Окслејд-Чемберлен. Покрај Фирмино, неизвесни се и Лалана и Ловрен. Ако не игра Фирмино, стартер ќе биде Стариџ. ПСЖ на овој меч нема да смета на Дани Алвес, кој ќе паузира уште неколку месеци, а повредени се и Курзава и Тијаго Силва. Поради суспензија, од минатата сезона нема да игра Марко Верати.

Овие два клуба не играле меѓусебе во ЛШ, а се сретнале во 1996/97 во полуфиналето на Купот на победниците на куповите, кога подобри беа „светците“. Во домашните првенства, двата тима се перфектни, имаат по 15 бода од пет кола, па за еден тим ќе заврши максималниот учинок.

НАДМУДРУВАЊЕ НА ГЕРМАНСКИ ТАКТИЧАРИ

Клоп од едната, а Томас Тухел од другата страна, освен тоа што се германски тренери, заедничко им е што се екстренери на Борусија Дортмунд. Тухел го наследи Клоп во Борусија, па нивното ривалство може да се пренесе и вечерва.

Клоп кажа дека ПСЖ е фаворит, бидејќи е еден од кандидатите за трофејот, но коефициентите во обложувалниците кажуваат нешто друго. Плус тоа, Ливерпул е петкратен европски првак, за разлика од парижаните кои не биле ниту еднаш на кровот на Европа.

ПСЖ не знае за победа против англиските екипи на четири меча по ред, а од 12 меча со тимови од Островот, само еднаш не прими гол. Ливерпул има позитивна традиција со француски екипи, но дома загуби два од последните три натпревари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести