„Енфилд“ слави нова победа, Ливерпул е осамен на врвот во Премиер лигата! (Видео)

Екипата на Ливерпул забележа сигурна победа од 3-1 на домашен терен над Шефилд јунајтед и се врати на врвот од Премиер лигата. Црвените од Енфилд сега имаат 70 бода, два повеќе од второпласираниот Арсенал и три од Манчестер сити.

Мечот на „Енфилд роуд“ започна со чуден гол на Дарвин Нуњез во 17-тата минута за водство на домашните од 1-0. Гостинскиот голман се обиде да ја исфрли топката, но Уругваецот со одличен блок го спречи, а топката само се стркала во мрежата на Брентфорд.

Во 58-мата минута уште почуден гол, овојпат во мрежата на Ливерпул. Конор Бредли несмасно реагираше на една топка во петтерецот и ја смести во својата мрежа за ладен туш на „Енфилд“.

Ливерпул се врати во водство во 76-тата минута со фантастичниот погодок на Мекалистер.

Конечните 3-1 ги постави Коди Гакпо во 90-тата минута со убав гол со глава.

- Оглас -

Најнови вести