Енис Барди: Наша цел е повторно да се вратиме на Европско првенство

Енис Барди беше еден од главните играчи во македонската репрезентација на трите меча на Европското првенство. Играчот кој и со младата селекција беше дел од континенталната завршница, сега уживаше и со сениорскиот национален тим, а најави дека целта е да се продолжи во ист стил, иако во националниот тим веќе ќе го нема капитенот Горан Пандев.

„Со многу емоции влеговме во мечот. Знаевме дека ова е последен меч за Пандев. Тој е најголемиот играч во историјата на македонскиот фудбал. Сите ние треба да продолжиме по неговите стапки. Тој е еден пример за сите нас, Господ да им даде здравје на Горан и на неговата фамилија. Ќе ни фали секогаш во репрезентацијата. Го остваривме сонот на сите нас. Секогаш се памти првиот пат. Сакаме повторно да бидеме дел од Европското првенство. Оваа Македонија го има сменето менталитетот. Ние ќе продолжиме да бидеме уште подобри“, рече Барди по мечот.

- Оглас -

Најнови вести