Енис Барди се врати на стадионот на кој го даде првиот гол за Леванте

Екипите на Елче и Леванте во моментов го привршуваат својот пријателски меч, а Енис Барди ги одигра првите 45 минути од натпреварот. Леванте со Барди во составот, по првото полувреме водеше со 1-0, со погодокот на Серхио Леон.

Инаку, стадионот „Ел Колјао“ во Елче е место за кое Барди е посебно врзан. Таму пред две години го даде првиот гол, во дресот на Леванте. Тоа беше гол од слободен удар, истотака на пријателска средба.

Барди засега останува член на Леванте, иако за него, сериозен интерес пројавуваше Еспањол, клубот кој „го мерка“ и голманот Столе Димитриевски.

- Оглас -

Најнови вести