Енрике застана во одбрана на Рамос: Да имаше и трет и четврт пенал, пак ќе шутираше тој

Шпанија го загуби првото место во групата, откако ремизираше 1:1 на гостувањето кај Швајцарија. Црвената фурија губеше со 1:0, но имаше две шанси да израмни од пенал. Во двата случаи, Серхио Рамос ја превзема одговорноста да шутира и како за чудо, два пати промаши.

Рамос кој на овој меч по рекорден 177 пат го носеше дресот на Шпанија, имаше низа од 25 погодени пенали, а вечерва за само 23 минути успеа два пати да промаши, односно двата негови удари ги одбрани голманот на Швајцарија Јан Зомер. Промашените пенали може да ги видите ТУКА.

По завршување на дуелот, селекторот на Шпанија Луис Енрике застана во одбрана на Рамос и рече дека има целосна доверба во неговите реализаторски способности.

„Рамос имаше одличен рекорд на постигнати пенали. Тој е еден од најдобрите изведувачи и останува да биде изведувач на пеналите за Шпанија. Дури и да имаше трет или четврти пенал на мечот против Швајцарија, повторно ќе шутираше Рамос“, рече Енрике по мечот.

- Оглас -

Најнови вести