Енцо од Челзи ја даде најнереалната изјава на годината

По победата на Челзи над Кристал палас, Енцо Фернандес оптимистички изјави дека неговиот тим може да се пласира во Лигата на шампионите, што зачуди многумина и ја нарекоа најнереална изјава на годината.

„Среќен сум во Челзи. Сакаме да играме во Лигата на шампионите во следната сезона“, рече Енцо.

Сините од Лондон по 24 кола (уште 14 има до крајот на сезоната) се деветти на табелата дури со 13 бода помалку од четвртиот Тотенхем. Пред Челзи на табелата, а не се во топ 4 и клубови како Астон вила, Манчестер јунајтед, Њукасл, па навистина не е реално Челзи да биде меѓу четирите најдобри во Англија сезонава.

- Оглас -

Најнови вести