Епилогот од средбата меѓу Меси и Куман е кошмар за Барселона и навивачите

Само ден откако Роналд Куман и официјално ја презеде клупата на Барселона, негова прва задача беше да се сретне со капитенот Лионел Меси. Главна тема на денешниот разговор, секако, беше иднината на Меси во клубот, а ставот на Лео нема да им се допадне на навивачите, но ги теши целокупната ситуација и фактот што тој е врзан со договор до 2021 година.

Наводно, Меси му кажал на Куман дека се чувствува оддалечен од клубот и дека е несигурен во своето останување на „Камп ноу“. Сепак, Аргентинецот е свесен за економската ситуација во фудбалот по пандемијата со корона-вирусот, што подразбира дека моментално нема клуб што ќе може да ги задоволи неговите финансиски потреби.

Од Барселона стојат на ставот дека Меси ќе биде во тимот и во новата сезона со оглед на тоа дека има важечки договор до следното лето.

- Оглас -

Најнови вести