Епскиот меч во Гранада донесе едно посебно постигнување за Барселона

Барселона синоќа се пласира во полуфиналето од Купот на Шпанија откако во неверојатен меч со 5:3 победи на гостувањето кај Гранада. Каталонскиот гигант беше на прагот од елиминација, но не се предаде и на крајот тоа му се исплатеше.

Гранада имаше контрола на резултатот сè до 88-мата минута, кога домаќините водеа со 2:0. Тогаш конечно беше скршен бункерот на домаќините. Гриезман погоди за 1:2, а во судиското надополнување Жорди Алба погоди за 2:2 и тоа беше најава за продолженија.

Во дополнителните 30 минути Барселона продолжи со офанзивна игра и гостите дадоа уште три гола за конечен триумф од 5:2. По мечот, статистиката покажува дека Барселона упатила дури 36 шута кон голот на домаќините, од кои 20 биле во рамките на голот. Пет завршија во мрежата. Ваква офанзива на еден меч Барселона немала во последниве седум сезони.

Барселона за првпат по далечната 1961 година успеа да избегне пораз на гостување во Купот во меч на кој губеле со два гола разлика.

 

- Оглас -

Најнови вести