Ердоган: На Роналдо од политички причини не му дозволија да игра на СП!

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека Кристијано Роналдо кариерата ќе ја продолжи во Саудиска Арабија, а за малата минутажа на Португалецот на Мундијалот тој обвини дека Роналдо бил оставен на клупа од политички причини.

„Од информацијата која ја добив, Роналдо оди во Саудиска Арабија. На Светското првенство му забранија да игра. Тој е човек кој ја поддржува палестинската кауза. Таков играч да го држиш на клупа и да го пуштиш само во последните 30 минути ја уништува неговата психа“, рече Ердоган.

- Оглас -

Најнови вести