Ериксен: По мечот беше многу тивко во нашата соблекувална

Данскиот фудбалер за врска Кристијан Ериксен, кој влезе во игра во второто полувреме на мечот Манчестер јунајтед – Галатасарај, по средбата која му припадна на турскиот тим, даде свое мислење за случувањата на теренот и општо за лошата сезона која досега ја има неговиот тим.

„Овој пораз е големо разочарување за нас. Беше многу тивко во соблекувалната“, почна Ериксен.

„Мислам дека имавме некои добри периоди. Не мислам дека проблемот е во немањето самодоверба, туку ни фали острина во шпицот на нападот и носиме погрешни одлуки во погрешно време. Многу работи треба да се поправат, тоа се детали. Ако не правиме грешки, нема толку лесно да примаме голови. За среќа, уште е рана фаза од сезоната, пред нас се уште многу натпревари и ќе имаме можност за поправка“, додаде Ериксен.

- Оглас -

Најнови вести