Ериксен ја крена свеста: Над 25.000 Данци завршија брз курс за вештачко дишење

Пред околу една година фудбалската јавност беше потресена од страотната сцена на дуелот Данска – Финска на Европското првенство, кога Кристијан Ериксен колабира на сред терен и беше спасен од сигурна смрт.

Иако немаше срцеви заболувања, Ериксен претрпе срцев удар и сега носи дефибрилатор кој му ја следи работата на срцевиот мускул, што беше услов за да ја продолжи фудбалската кариера.

Немилите сцени на тој меч беа доволна причина за да се крене свеста кај данскиот народ. Во рок од една година, дури 25.800 дански државјани завршиле брз курс за вештачко дишење.

До лани имало околу 113.800 Данци кои знаат на правилен начин да интервенираат, а до пред дуелот Данска – Хрватска од завчера, заведени се вкупно 139.600 луѓе подготвени да спасуваат човечки живот.

- Оглас -

Најнови вести