Ериксен ќе стане топчија и лут ривал на Тотенхем, Џака се сели на „Џузепе Меаца“

Кристијан Ериксен лесно може да му стане ривал на Тотенхем, клубот од кој се пресели во Интер, ако се оствари најавената размена на играчи меѓу Арсенал и Нераѕурите.

Италијанските медиуми објавија дека се преговара Данецот да се пресели во Лондон, во редовите на Арсенал, а на „Џузепе Меаца“ да пристигне Гранит Џака.

Швајцарскиот репрезентативец сè помалку игра за Арсенал и бара начин да си замине за да има поголема минутажа. Пристигнувањето на Томас Парти драстично му ја намали минутажата на Џака во Арсенал, а слична е и ситуацијата со Ериксен во Интер.

Одличниот Данец пристигна како големо засилување на Интер за сума од 27 милиони евра, што му беа исплатени на Тотенхем, но не се вклопува во концепцијата на Антонио Конте.

Ќе биде многу интересно ако трампата се реализира бидејќи Ериксен 7 години беше член на Тотенхем, а дербито на Северен Лондон меѓу Спарс и топчиите на Арсенал е едно од најголемите и најзначајни во Англија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести