Ериксен не е доволно добар да игра за Баерн

Кристијан Ериксен, кретивецот на Тотенхем, е меѓу актуелните теми во моментов и неговата желба да ги напушти Петлите уште во јануарскиот преоден рок. На данскиот репрезентативец му истекува договорот по крајот на оваа сезона, но тој не сака да го чека летото за да оствари преселба, туку сака што побрзо да се разреши неговата иднина.

Уште во минатиот преоден рок имаше интерес за Ериксен, најмногу од Реал Мадрид, но своја шанса за преговори чекаа и Јувентус и Баерн Минхен, а како опција се спомна и ПСЖ. Тоа значи дека ѕвездата на Тотенхем може да бира каде ќе ја продолжи кариерата доколку споменатите клубови уште се интересираат за него, но според германската легенда Лотар Матеус, Ериксен не би бил добра опција за Баерн.

„Го следам Ериксен долго време и можам да кажам дека оваа година тотално ме разочара. Трансфер во Баерн Минхен, според мене, би немал смисла и би бил изненаден доколку клубот се одлучи за такво нешто. Ако не е доволно добар за Тотенхем, тогаш никако не може да биде добар за Баерн. Ули Хенес еднаш кажа дека на клубот не му требаат резерви, туку играчи кои може да направат разлика на теренот, а според мене, Ериксен не е од тој калибар. Наместо да трошат пари за него, треба да се фокусираат како да го доведат Кај Хаверц, кој блеска за Леверкузен. Исто така, на позицијата „десетка“ го имаат Кутињо. Бразилецот одлично се вклопи засега, а тука е и Томас Милер, универзалецот кој може да игра на секоја напаѓачка позиција“, истакна Матеус за германските медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести