Ериксен ни крив ни должен си ќари околу 200.000 евра од обложувалница

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен е еден од 23-цата спортисти од оваа земја чии имиња без нивна дозвола биле користени од страна на обложувалница во реклами и кои добија отштета.

Ериксен поради користење на неговото име без дозвола во рекламни цели ќе добие најголема отштета која изнесува 1,45 милион дански круни или околу 195.000 евра од страна на онлајн обложувалницата „Бет 365“.

Покрај Ериксен, има уште двајца дански фудбалски репрезентативци, Каспер Шмајхел и Симон Кјер.
Данскиот суд одлучи обложувалницата да им исплати 6,7 милиони дански круни на 23-цата спортисти кои поднесоа тужба.

- Оглас -

Најнови вести