Ериксен: Срцевиот удар ми ги промени приоритетите во животот

На Европското првенство кое се одигра пред нешто помалку од една и пол година, главната ѕвезда на Данска, Кристијан Еркисен доживеа срцен удар. Лекарите на теренот се бореа да го спасат неговиот живот и на крајот успеаа. Ериксен не само што преживеа, туку шест месеци по тој немил настан, фудбалерот повторно се врати на теренот.

Ериксен заигра во дресот на Брентфорд, а летово направи трансфер во Манчестер јунајтед, каде игра одлично. Токму затоа Ериксен повторно е дел од данската репрезентација која е дел од Светското првенство.

„Мислам дека тоа ме натера повеќе да го ценам животот и да бидам со моето семејство. Се друго е во втор план. Сепак, можноста да учествувам на Светско првенство по трет пат, истотака е посебна шанса. Од првиот момент кога се вратив реков дека сакам да се вратам во старата форма. Тоа беше мојата цел и мило ми е што успеав. Пресреќен сум што повторно сум дел од репрезентацијата и што ќе играм на Светско првенство“, вели Ериксен.

На Мундијалот во Катар, селекцијата на Данска е во група со Франција, Австралија и Тунис.

- Оглас -

Најнови вести