Ериксен здогледа навивач на Тотенхем во количка и направи потег за што доби аплауз од цел стадион (Видео)

Пред само 10 месеци Кристијан Ериксен беше на прагот од смртта кога на сред меч доби срцев удар, но лекарите со брза интервенција успеаа да го спасат. Ериксен тогаш беше играч на Интер, но затоа што во Серија А не дозволуваат да играат фудбалери со вграден дефибрилатор, реши да се врати во Англија и да го облече дресот на Брентфорд.

Ериксен игра одлично, а вечерва тој настапи против својот поранешен клуб Тотенхем. Данецот во дресот на Тотенхем ги помина најубавите денови од кариерата и беше миленик на тамошната публика. Фановите на Тотенхем и денеска го поздравија Ериксен, а фудбалерот покажа почит кон нив.

По завршување на мечот, еден навивач на Тотенхем кој беше во инвалидска количка и држеше дрес на Ериксен, барајќи потпис од неговиот омилен фудбалер. Ериксен веднаш дојде до навивачот и му се потпиша на дресот.

 

- Оглас -

Најнови вести